УЕФА му ја исполни желбата на Милан, го исфрли од Лига Европа

by
1 минути читање

Судот за спортска арбитража информираше дека е постигнат договор меѓу Милан и УЕФА за италијанскиот клуб да не настапи во Лига Европа оваа сезона.

УЕФА имаше отворено две постапки против Милан за прекршување на правилата за финанскиски фер плеј и неизбежно беше да бидат исфрлени од европските натпреварувања на една сезона.

Со оглед на тоа што Милан треба да игра во Лига Европа, а не во Лигата на шампионите, раководството на росонерите побара сега да бидат исфрлени со цел да добијат на време да ги избалансираат сметките до 2021 или 2022 година.

УЕФА се согласи со барањето на Милан и оваа сезона го исфрли од Лига Европа.

По оваа одлука, Рома директно ќе игра во групната фаза од Лига Европа, а Торино ќе го земе нивното место во квалификациите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани