Нејмар сака да се
врати на Камп Ноу, ваквите шпекулации вчера беа потврдени и од потпретседателот
на Барселона. Напаѓачот е подготвен да направи неколку отстапки и да добие
помала плата за одново да го облече дресот на „каталонците“. Се верува дека
двете страни лесно ќе најдат договор, а најкомплексниот дел од зделката ќе биде
ПСЖ и Барса да си подадат рака.
Неодамна беше
објавено дека „светците“ бараат 300 милиони евра за да се разделат со
Бразилецот. Барселона нема намера да плати ваква сума, но добра вест за лидерите на клубот се последните информации кои велат дека шампионот на Франција е подготвен
драстично да ја намали цената.
Ле Парисиен вели
дека спортскиот директор Леонардо ќе даде голем попуст за трансферот на
неговиот сонародник и Нејмар ќе може да замине за 222 милиони евра, односно
сумата која ПСЖ ја плати за негов ангажман.