75
Нејмар не сака веќе да игра за ПСЖ, сака да се врати назад во Барселона. Бразилецот се предомисли.
„Не ме изненадува тоа што Нејмар сака да се врати во Барселона. Вистина е дека сака да дојде повторно тука“, потврдува Жорди Кардонер.
„Не знаеме дали ќе биде постигнат договор меѓу двата клуба“.
„Тоа е акција – реакција која се случувала во минатото и со други фудбалери, пример се враќале и Фабрегас и Пике“.
Но, потпретседателот има проблем со начинот на кој Нејмар си отиде од клубот, и го сврте грбот на Барса користејќи ја откупната клаузула за да потпише за ПСЖ.
„Има работи околу неговото заминување кои не ги разбирам, треба да погледнеме низ многу работи кои се случија и да промениме некои сценарија“.