Јувентус
издвојува важна битка на трансфер пазарот и ги победи Барселона, ПСЖ, Баерн, Манчестер јунајтед и уште неколку гиганти за
потписот на најперспективниот дефанзивец, Матајс де Лихт.
Неколку извори од
Италија пренесоа дека двете страни си подале рака за петгодишен договор.
Холанѓанецот ќе има основна плата од 8 милиони евра по сезона, која со лесно
остварливи бонуси ќе скокне на 12 милиони евра.
Во неговиот
договор ќе има и откупна клаузула поставена на 150 милиони евра, услов на кој
инсистирал Мино Рајола. Се верува дека ова било хендикеп во преговорите со ПСЖ бидејќи законот во Франција не дозволува откупни клаузули.
Ваквиот потег на
контроверзниот агент може само да се толкува како подготовка за мега трансфер
за некоја година. Централни дефанзивци од светска класа се бројат на прсти,
побарувачката е голема па затоа се плаќаат високи суми.
Вирџил ван Дајк во моментов го држи рекордот со трансферот во Ливерпул вреден
85 милиони евра, но веќе ова лето може да биде поместена границата. Матајс де Лихт сепак
нема да го стори тоа бидејќи се очекува Ајакс да инкасира помеѓу 70 и 80
милиони евра.