375
Жоао Феликс
наскоро ќе испише историја и ќе стане најскапиот Португалец. Тинејџерот ќе го
надмине легендарниот Кристијано Роналдо и за 126 милиони евра ќе се пресели во
Атлетико Мадрид.
Бенфика доцна
вечерва ја извести берзата дека добила официјална понуда, и ова е прв чекор кон
официјализирање на зделката.
„Орлите“ од
Лисабон појаснуваат дека од понудената сума, 120 милиони (колку што изнесува откупната клаузула) се наменети за
купување на 19 годишниот Жоао Феликс а 6 милиони евра за покривање на
финансиските трошоци за зделката.
Се очекува во следните денови да бидат финализирани сите детали и Атлетико Мадрид да го потврди трансферот на перспективниот фудбалер.