Торино би профитирал: Милан бара од УЕФА да се повлече од Лига Европа?

by
2 минути читање

Милан е во
проблеми, а тоа е познато уште од поодамна, па така според најновите информации
кои пристигнуваат, се вели дека тимот од Милано е сериозен во намерата да се
откаже од учеството во Лига Европа идната сезона.

„Кориере дела
Сера“ пишува дека раководството на Росонерите се во постојани преговори со
Европската куќа на фудбалот околу повлекување од Лига Европа, а доколку се
случи такво нешто, најмногу би профитирала екипата на Торино која во таков
случај би изборила излез во Европа идната сезона, истиот медиум додава дека обете страни се близу договор.

Во Италија
пишуваат дека Милан ќе се фокусира на инвестиции во клубот без притоа да
продава било кој од позначајните фудбалери во составот, а во периодот кој
претстои се очекува и конечната одлука од УЕФА по тоа прашање, поточно до 72
часа по нивното барање, како што подлвче „СемпреМилан“.

Доколку барањето
на тимот од Милано биде прифатено, во тој случај Росонерите ќе можат да
ангажираат нови засилувања во летниот преоден рок без притоа да се грижат за
финансискиот фер плеј, меѓутоа секако ќе имаат обврска да ги испочитуваат
правилата во тоа поле за идната сезона.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

Exclusive AC Milan have asked UEFA
to leave them out of the Europa League to be able to invest for another year.
In the coming hours, a response is expected @SempreMilanCom


Vito Angelè (@VitoAngele) June
18, 2019

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани