Се верува дека
Бразилецот ова лето ќе го напушти Камп Ноу откако не ги исполни очекувањата.
Барса сака да врати што е можно поголем дел од сумата која ја плати, односно
120 милиони евра, плус додатни 40 милиони во бонуси.
Ова не се мали
бројки, па клубовите кои можат да си го дозволат Филипе Кутињо се бројат на
прсти. Изминатиов период често се пишуваше дека ПСЖ, Манчестер јунајтед и Челси
ќе се борат за потписот на фудбалерот од средниот ред.
Сепак, според
пишувањата на Скај Спортс, од комбинација отпаѓа преселба на Олд Трафорд.
Самиот Филипе Кутињо му кажал на својот агент дека не сака во Манчстер јунајтед
од почит кон Ливерпул и големото ривалство помеѓу двата клуба.
Скај Спортс исто
така додава дека веќе се остварени првични контакати помеѓу агентите на Бразилецот и
преставници на ПСЖ и се опипува теренот за трансфер на играчот во Париз.