Се’ е подготвено за нов голем трансфер, Хамес
Родригез, без никакво сомнение и изненадувања ќе биде фудбалер на Наполи за
идната сезона, пишува „Калчомеркато“.
На Колумбиецот му
истече двегодишната позајмица со Баерн Минхен а германскиот првак не изрази
желба да го откупи неговиот договор со Реал Мадрид, каде веќе е познато дека не
е во плановите на Зинедин Зидан за идната сезона.
Наполи беше
клубот кој притискаше на трансфер на 27 годишниот фудбалер, а според најновите
информации кои ги објавија „ЕСПН“ и „Калчомеркато“, тој ќе се приклучи токму на
италијанскиот прволигаш.
Според
информациите, Хамес ќе биде на позајмица во Неапол со можност италијанскиот
вицепрвак да го откупи неговиот договор, а на годишно ниво неговата плата ќе
изнесува од 5,5 до 5,8 милиони евра.
Реал Мадрид
наводно ќе добие 10 милиони евра за овој договор со Наполи, а очекувањата се
Италијанците да го откупат неговиот договор за дополнителни 30 до 40 милиони
евра, најавите велат дека Колумбиецот би потпишал петгодишен договор со Наполи.