По
пристигнувањето на Еден Азар, Лука Јовиќ, Едер Милитао, Ферлан Менди и Родриго,
време е за чистка на составот и потоа со сите сили да се тргне по Пол Погба,
последната желба на Зинедин Зидан за ова лето.
Бернабеу можат да
го напуштат дури 13 играчи, дел од нив минатата сезона веќе играа на позајмици
во други клубови, а дел пак беа во Мадрид и не успеаа да се наметнат кај Зизу.
Први кои ќе
заминат се Раул де Томас и Маркос Љоренте. Првиот треба да се пресели во
Бенфика а вториот во Атлетико Мадрид.
Интересно е тоа
што „кралевите“ најверојатно ќе заработат многу повеќе на анонимци отколку на
ѕвездите.
Раул де Томас е
дете на Реал Мадрид но за првиот тим има само еден настап и тоа од клупата за
резерви во Копа дел Реј. И покрај тоа, Флорентино Перез за неговите услуги
бараше 35 милиони евра за на крајот со Бенфика да си подаде рака за зделка
вредна 20+ милиони.
Маркос Љоренте
исто така е продукт на школата на „кралевите“ но не се изнаигра нешто посебно
во првиот тим. За четири години (една сезона играше на позајмица во Алавес) забележа
скромни 22 настапи во Ла Лига. И покрај ова, тој сега е на пат да се пресели во
локалниот ривал Атлетико за дури 40 милиони евра и да го замени Родри, кој е
пред потпис со Манчестер Сити.
Хамес Родригез би
можел да биде следниот кој ќе добие нов клуб (Наполи). Колумбиецот иако е големо фудбалско име, нема да
донесе голема сума во касата на Реал и веројатно ќе
замине само на нова позајмица. Дури и Наполи да биде обврзан следното
лето да го купи играчот, тоа нема да биде за сума поголема од 40-50 милиони
евра.
Герет Бејл е
играчот од кој Зинедин Зидан сака очајно да се ослободи, но во моментов никој
не сака да го купи Велшанецот. Се разгледува можноста и тој да замине на
позајмица, а на крајот може да се случи и Реал да му плати на играчот за да си
оди.