Жоао Феликс е во Мадрид, треба да стави потпис со Атлетико

by
0 минути читање

Португалскиот весник „Рекорд“ пишува дека 19-годишниот напаѓач е во Мадрид каде треба да го комплетира трансферот во Атлетико.

Атлетико Мадрид ќе ја плати откупната клаузула која изнесува 120 милиони евра, а фудбалерот ќе добие годишна плата од шест милиони евра.

Жоао Феликс минатата сезона постигна 15 голови за Бенфика и имаше и девет асистенции. Се поврзуваше со повеќе клубови, но веројатно ќе заврши во Атлетико Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×