Тореира притиска за трансфер во Милан, Арсенал не сака да слушне за негова продажба

by
1 минути читање

Според „Газета дело Спорт“, ургувајскиот фудбалер притиска за заминување од Арсенал, но англискиот клуб не сака да се откаже од неговите услуги и само некоја добра понуда ќе може да ги предомисли.

Девојката на Тореира е од Џенова, и двајцата се незадоволни од животот во Лондон, проблем им е јазикот и времето кое најчесто е облачно.

Заинтересиран за Тореира е Милан, но Арсенал за 23-годишниот фудбалер минатото лето плати 30 милиони евра, па ако веќе треба да се раздели од него ќе сака да го продаде за повисока сума со цел да заработи од негово заминување.

Доколку се пресели во Милан, Тореира веројатно ќе работи со неговиот поранешен тренер од Сампдорија, Марко Џампаоло кој е најсериозен кандидат за наследник на Гатузо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани