Наполи застана во редот за Елмас, името на Македонецот тема на разговор помеѓу Анчелоти и Де Лаурентис

by
2 минути читање

По Лацио,
Фиорентина и Интер, уште еден клуб од Серија А застана во редот за Елиф Елмас.

Како што пренесе
добро упатениот новинар Џанлука Ди Марцио, денеска во домот на Карло Анчелоти
имало средба на тренерот со Аурелио Де Лаурентис и уште неколку директори на клубот од
Сан Паоло.

Било разговарано
за плановите за настап на летниот преоден рок и било споменато името на
Македонецот. Ди Марцио вели дека Наполи високо го цени 19 годишниот Елиф Елмас
и верува дека тој има потенцијал како Фабијан Руиз, заилувањето вредно 30
милиони евра од минатата сезона.

Новинарот додава
дека интересот на „наполитанците“ за Елиф Елмас е прилично силен, но не
открива детали за тоа каква сума вицешампионот на Италија е подготвен да понуди
за услугите на репрезентативецот на „црвено-жолтите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани