Арсенал, Челси и дел од спонзорите враќаат карти за финалето од ЛЕ, УЕФА ќе доживее дебакл

by
1 минути читање

Арсенал и Челси најпрво се жалеа дека ќе им бидат малку по 6000 билети за нивните фанови за финалето во Баку, а сега не можат да ги продадат и тие. 

Според англиските медиуми, Арсенал и Челси ќе вратат околу половина од билетите планирани за нивните навивачи, влезници враќаат и дел од спонзорите кои добија.

Причина за тоа е патот до Баку, авионските линии се ретки и премногу скапи. Тешко се стигнува до главниот град на Азербејџан.

Поради ова УЕФА ризикува да има празни седишта на финалето од Лига Европа, иако вратените билети ќе бидат пуштени во продажба во Азербејџан.

Фудбалот веќе од поодамна го движат парите, а изборот Баку да биде домаќин на финалето од Лига Европа е само уште еден показател како размислуваат УЕФА и ФИФА во последните години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани