Де Геа го одбил и финалниот предлог за нов договор, Манчестер јунајтед под притисок да го продаде голманот

by
1 минути читање

Давид де Хеа е обврзан кон „ѓаволите“ до 30. јуни 2020 и двете страни подолго време се во преговори за продолжување на соработката.

Сепак, се чини дека голманот и Манчестер јунајтед нема да пронајдат заеднички јазик. Според пишувањата на „Сан“, Шпанецот го одбил финалниот предлог за нов договор.

Весникот вели дека најтрофејниот клуб од Англија одбива да му даде неделна плата од 350.000 фунти, сума која е во склоп со пазарната вредност на Давид де Хеа.

ПСЖ е подготвен да ги задоволи ваквите барања на Де Хеа и се говори дека „светците“ сега размислуваат дали да достават понуда вредна 60 милиони фунти или да почекаат 12 месеци и да го донесат Шпанецот во своите редови за без пари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани