Не е само Мхитарјан, Арсенал доби уште една непријатна вест пред финалето од Лига Европа

by
1 минути читање

Арсенал ги финишира подготовките за финалето од Лига Европа, натпревар на кој не само што ќе се борат за трофеј туку и настап во Лигата на шампионите што ќе значи повеќе пари во клупската каса и повеќе средства за засилување на тимот.

Но припремите не одат глатко, вчера беше објавено дека Хенрих Мхитарјан нема да патува за Баку поради конфликтот кој го имаат Азербејџан и неговата Ерменија.

Доцна синоќа пристигна нова непријатна вест. Речиси сите медиуми од „островото“ пренесоа дека Петр Чех прифатил да стане спортски директор токму на Челси.

На фановите не им се допадна оваа информација со оглед на тоа што искусниот голман следната недела треба да стои помеѓу стативите против неговиот потенцијален нов работодавец, па на социјалните мрежи многумина побараа и тој да биде изоставен од тимот за финалето.

Бурните реакции предизвикаа и самиот Петр Чех да се огласи и да порача дека се уште нема донесено одлука.

„И покрај денешните стории, како што кажав и претходно, ќе донесам одлука за мојата иднина само по крајот на последниот натпревар. Во моментов единствено сум фокусиран на тоа како да ја освојам Лига Европа со Арсенал“ – напиша голманот кој во Баку треба да го одигра последниот меч пред да оди во пензија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани