Реал Мадрид веќе
го купи Едер Милитао а се верува дека и трансферите на Еден Азар и Лука Јовиќ се
завршена работа. Според емисијата „Ел Чирингито“, договорено е уште едно
засилување.
Новинарот Хаиме
Астраин објави дека Кристијан Ериксен ќе биде играч на Реал Мадрид на стартот
од следниот месец.
„Реал Мадрид има
договрено играч за следната сезона, се работи за Кристијан Ериксен. Трансферот
ќе биде соопштен по финалето од Лигата на шампионите (1. јуни)“ – рече тој.
Новинарот исто така објасени дека „кралевите“ се
обиделе како дел од зделката да го испратат Герет Бејл во Лондон, но „спарси“
го одбиле овој предлог, па Реал во целост ќе ја плати сумата која Тотнем ја
побарал за услугите на Данецот, иако таа не беше обелоденета.
¡INFORMACIÓN de @JaimeAstrain! “ERIKSEN será JUGADOR del REAL MADRID tras la FINAL de Champions”. #ChiringuitoMadrid pic.twitter.com/XATbAIpmpv
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) May 20, 2019