Зинедин Зидан не го пушти Бејл во игра на последниот натпревар. Сите очекуваа дека Велшанецот ќе влезе во игра и ќе се опрости од Сантијаго Бернабеу бидејќи тоа можеби е негов последен меч во дресот на Реал Мадрид.
Зидан не сакаше да му ја пружи таа можност на Бејл, а по натпреварот рече дека играчот не му се вклопува во замислите.
„Радио Естадио“ излезе со вест дека Бејл бил лут кога влегол во соблекувалната по мечот и на глас пред своите соиграчи рекол дека нема намера да си оди ако Реал Мадрид не му исплати 51 милион евра, тоа е сумата која треба да ја земе ако биде испочитуван договорот до крај од кој има уште три години.
„Имам тригодишен договор и доколку сакаат да си одам ќе треба да ми платат 17 милиони по сезона (вкупно 51). Ако не ми платат ќе останам тука и ќе играм голф“, рекол Бејл.
Бејл во Реал Мадрид зима огромна плата и тој не сака да потпише за клуб каде што ќе има помали примања, а никој не сака да му даде толку многу. Но се верува дека во наредниот период ќе биде изнајдено некое решение за ситуацијата.