93
Со мечот помеѓу Еибар и Барселона на Ипуруа се спушти завесата во Примера. Натпреварот немаше никакво резултатско значење, но актерите не потфрлија.
Првите 45 минути беа прилично возбудливи, Кукуреља, кој е на позајмица од Барса во Еибар, го совлада Силесен за 1-0 во 20. минута од мечот.
Потоа следуваа 100 секунди во кои Лео Меси два пати ја начна мрежата на домаќините. Најпрво во 31. минута доби топка од Видал за 1-1, за веќе во 32. минута да излезе сам пред противничкиот голман и ја префрли топката преку него за 1-2.
Најубавиот момент на мечот се случи во финишот од првиот дел кога Де Ласис од далечина мајсторски затафи полуволеј и го лобуваше истрчаниот Силесен за 2-2.