220
Барди ги одигра сите 90 минути во натпреварот во кој Леванте не успеа да го победи Атлетико Мадрид и покрај одличната позиција во која се најде.
Ова беше дуел во кој и на двете екипи бодовите не им значеа многу.
Леванте поведе уште во шестата минута со гол на Кабако, а во 36. минута Роџер го зголеми водството на 2-0.
По шест минути игра во второто полувреме Кореа поради груб фаул заработи директен црвен картон. Атлетико Мадрид остана со фудбалер помалку.
Но и покрај тоа тимот на Диего Симеоне се спаси од пораз. Со головите на Родриго и Камело дојде до нерешени 2-2. За Камело ова не само што беше прв меч во Примера, туку и прв шут.