„Старата дама“ синоќа соопшти дека Макс Алегри заминува по крајот на сезоната. Тренерот оваа недела одржа три состанока со лидерите на клубот, не можеа да најдат заеднички јазик за иднината па решија да се разделат.
Медиумите од Италија сега откриваат повеќе детали. Според „Кориере дела сера“, Андреа Ањели сакал да продолжи со стратегот, но подлегнал на пртитисокот од Павел Недвед и Фабио Паратичи.
Чехот особено се противел на идејата Макс Алегри да остане, и дури се заканали, „Ако остане тој, јас заминувам“.
Се говори дека двајцата подолго време биле во лоши односи, особено по елиминацијата од Ајакс во Лигата на шампионите. На Недвед не му допаѓало тоа што Алегри барал голема реконструкција на тимот. Се верува дека тренерот побарал да бидат донесени пет квалитетни засилувања. Несогласувања имало и околу фудбалерите кои треба да заминат, пред се Дибала.
Потпретседателот на Јувентус смета дека тие веќе имаат силен тим, и ќе биде прилично тешко тој да се подобри. На иста бранова должина бил и спортскиот директор Фабио Паратичи, иако тој не поставил ултиматум.