Португалецот
денеска беше гостин на уште еден медиум од Франција и за Радио Монте Карло и говореше на многу теми.
„Специјалниот“ не смее да зборува за случувањата во Манчестер јунајтед, има
клаузула поради која може да остане без неколку милиони, но повторно најде
начин во заобиколена форма да испрати порака.
„Тешко ми е да
зборувам за Манчестер јунајтед. Не можам да зборувам за нив слободно и со
задоволство како што зборувам за другите клубови“ – вели тој.
Жозе Мурињо потоа
индиректно ги издвои Антони Марсијал и Пол Погба, со кои често имаше
недоразбирања, и порача дека двајцата Французи мораат да понудат повеќе.
„Се надевам дека потенцијалот кој го имаат ќе можат во иднина да го покажуваат
во континуитет а не само периодично. Имаат огромен
потенцијал и се надевам дека новиот тренер ќе може да им помогне многу повеќе
од мене“.