121
„Граѓаните“ се
под лупа откако „Шпигел“ објави документи добиени од „Фудбалс ликс“ преку кои
се гледа како Манчестер Сити правел шеми за да ги заобиколи правилата за
Финансиски фер плеј.
Според Њујорк
Тајмс, луѓето кои ги истражуваат финансиите на Манчестер Сити бараат шампионот
на Англија да биде исфрлен од Лигата на шампионите на една сезона.
Сепак, се уште не
е јасно дали ќе се побара тоа да биде за следната сезона или пак за сезоната
2020/21.
Исто така, се
очекува Манчестер Сити силно да се спротивстави на било каква казна и да има
голема правна битка.