87
Избраниците на
Гатузо се враќаат со три бода од „Артемио Франки“, Хакан Чалханоглу го постигна
единствениот гол на мечот. Милан беше под додатен притисок откако Аталанта
попладнево со 2-1 ја совлада Џенова, и „росонерите“ успеаја да ја завршат
мисијата против очајната Фиорентина.
Клучниот момент
се случи во 35. минута од мечот, Сусо нафрли а Чалханоглу одлично се снајде и со
глава биеше прецизно од 11 метри.
Домаќините имаа
неколку добри прилики во продолжението од мечот, но Донарума беше на висината
на задачата.
За „виолетовите“
поразот значеше повторување на црна серија каква што им се нема случено речиси
30 години и сега имаат низа од дури 12 натпревари во Серија А на кои немаат
победа.