„Црвените“ во
вторникот го сторија невозможното, со 4-0 ја совладаа Барса и се пласираа во
финале од Лигата на шампионите. Ливерпул сега ќе се надева на ново фудбалско
чудо овој викенд и освојување на Премиерлигата, трофеј кој го чекаат 29 години.
Па атмосферата во
тимот е одлична и играчите кои се мачат со ситни повреди немаат проблем да
стиснат заби и да играат со болка.
Запрашан каква е
ситуацијата на Робертсон, Хендерсон, Салах и Фирмино во пресрет на дуелот со
Вулверхемптон, Јирген Клоп рече: „Најпопуларните три збора во соблекувалната
оваа недела, добро може четири збора се, „ова е само болка (It’s only
pain)“.
„Робертсон го
кажа тоа, Хендерсон го кажа тоа… Иако се работи за навистина голема болка.
Фирмино нема да биде подготвен за викендов, но се е во ред со Салах и тој може
да игра“.
„Групата на
играчи која ја имам е специјална. Од вторникот, можеби средата наутро, доколку
треба на кратко да ја опишам оваа група ќе кажам „ова е само болка“. Вака се
однесуваат цела сезона. Постојано беше беше напорно, постојано беше тешко, но
тие секогаш велеа „ова е само болка, да продолжиме““
“It’s only pain.”
Jürgen Klopp’s describes the attitude, spirit and mindset he sees within the Reds.
— Liverpool FC (@LFC) May 10, 2019