69
На 1. јуни Ериксен ќе биде во Мадрид, но не на преговори со Реал туку ќе настапи во финалето од Лигата на шампионите за Тотнем.
Тој наводно има вербален договор со Реал Мадрид, и сака да се пресели на Сантијаго Бернабеу, но мисијата може да биде потешка за таков трансфер доколку Тотнем ја освои Лигата на шампионите.
Ериксен има договор со Реал Мадрид до 2020 година и засега одбива да потпише нов со Тотнем. Но доколку ја освои Лигата на шампионите англискиот клуб може да му ја зголеми цената или да му понуди нов договор кој Данецот не може да го одбие.
Според „АС“ Реал Мадрид со големо внимание ќе го следи финалето и ќе навива за Ливерпул со цел полесно да дојде до потписот на Ериксен.