Роналдо Назарио,
или оној „Вистинскиот Роналдо“, како што многумина го нарекуваат љубителите на
фудбалот, кој инаку е поранешен член на двата лути ривали Барселона и Реал
Мадрид, верува дека постои преголемо обвинување на сметка на Ернесто Валверде и
Филипе Кутињо кога тимот губи, наместо целиот тим да ја преземе одговорноста.
Иако славеа со
3-0 на Камп Ноу, Каталонците загубија со 4-0 на Енфилд кај Ливерпул во реванш пресметката
од полуфиналето од Лигата на шампионите, токму шефот на стручниот штаб
Валверде, како и Кутињо, кој од поодамна е дежурен виновник на Камп Ноу, се
наведуваат како главните виновници за шокот кој го доживеа Барселона, но, Роналдо
не мисли дека тоа е праведно.
„Барселона има
одличен тим, го имаат и најдобриот фудбалер на светот во Меси“ рече Роналдо на
еден настан за „Сантандер Банк“.
„Следниот ден
слушнав дека кога загубиле, тоа се случило поради Валверде, Кутињо… но, не и
поради Меси“ додаде легендарниот Бразилец.
„Кога победува
Барселона, тоа е поради Меси, тоа е огромно непочитување на сите фудбалери и
стручниот штаб на таа екипа“ заклучи Роналдо.
Бразилецот, кој
инаку е мнозински акционер во Реал Ваљадолид, не е изненаден од чудесната
победа на Ливерпул, наведе дека биле многу повеќе мотивирани од Каталонците, со
многу поголем интензитет во играта од противникот.