Рајола се пожали поради суспензијата, се сомнева дека е политичка санкција

by
2 минути читање

Италијанската
фудбалска федерација му врачи тримесечна суспензија на Мино Рајола, по што тој
нема да има можност да оперира на своето поле до 9 август, освен него,
суспензија доби и Винченцо Рајола, неговиот братучед и бизнис партнер.

Суспензијата
доаѓа откако биле утврдени неправилности во трансферот на Џанлука Скамака од
Сасуоло во Цволе во август 2018. година, а 20 годишниот напаѓач годинава во
јануарскиот преоден рок премина во обратен правец како позајмен фудбалер
,
но, наведениот трансфер наиде на
жалби од страна на компанијата „Кик оф“, кои по разгледувањето беа утврдени
како веродостојни. 

Сепак, трансферот на Скамака од Сасуоло во Цволе е едната причина која ја наведе „Калчомеркато“, другата, за која наведе „Газета дело спорт“ е за истиот фудбалер, но, во неговиот премин од младинскиот погон на Рома во оној на ПСВ во 2015. година, причината е сигурно Скамака, но, засега нема официјални информации за кој негов трансфер се работи, а самиот Рајола обвинува дека станува збор за ‘политичка волја’.

Моето лично
чувство е дека оваа казна доаѓа по политичка волја, без притоа да се запазат
правните процедури и без да се почитува законот. Ова е санкција базирана на
лаги. Законот и правдата мораат да работат во вистинска насока во секој
коректен систем, се надевам дека мојата позиција ќе биде обновена во следната
фаза од оваа сторија
“ рече Рајола во својата прва изјава дадена по добиената
суспензија.

Претпоставувам
дека Италијанската фудбалска федерација не ги заборави моите критики во нивната
улога во катастрофалната состојба на италијанскиот фудбал, како и нивната улога
во проблемите со расизмот, моите ставови директно влијаеа во оваа одлука, ќе барам
правда за оваа неправда поради слобода во изразувањето, во секој можен суд,
бидејќи мојата главна цел е во интерес на италијанскиот фудбал, горделиво ќе се
борам за да добијам тоа што е во рамките на законот
“ додаде Италијанецот.

52 годишниот
Рајола има долга листа на познати фудбалери чии интереси ги застапува, како
Погба, Де Лихт, Верати, Донарума, Манолас, Матуиди, Мхитарјан, Балотели, Клајверт,
Кин…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани