Годин соопшти дека заминува од Атлетико и потврди дека го одбил Манчестер јунајтед: Не жалам, таков е животот

by
2 минути читање

Веќе подолго
време медиумите пишуваат дека Уругваецот се договорил со Интер и кариерата ќе
ја продолжи во Милано откако не успеал да најде заеднички јазик со лидерите на
Атлетико за продолжување на соработката.

Диего Годин попладнево се
појави на прес конференција на Ванда Метрополитано и соопшти дека заминува од
Мадрид. Тој им се заблагодари на присутните во салата каде беа претседателот
Енрике Серезо, членови на бордот, целиот тренерски персонал на чело со Диего
Симеоне, голем број на сегашни и поранешни играчи на Атлетико како и неговото
семејство и родителите.

„Понервозен сум
сега отколку пред натпреварите. Сакам да им се заблагодарам на сите за
присуството, сакав да го слушнете ова лично од мене. Ова се последните мои
денови во Атлетико“
– рече Годин со солзи во очите,

„Атлетико не е
клуб, Атлетико е семејство, начин на живот и мојот дом и затоа ми е тешко да
кажам збогум. Тука имав незаборавни моменти и сакам да им се заблагодарам на
сите“.

Тој доби и
неколку прашања од публиката, а едно се однесуваше на понудата од Манчестер
јунајтед која ја доби во август минатата година.

„Одлучив да
останам и да ја одбијам понудата на Манчестер јунајтед. Сега, една година
подоцна, заминувам но не жалам. За мене на прво место секогаш бил клубот и
тимот. Не сакам да бидам хипокрит, едноставно не успеавме да постигнеме договор
па завршувам еден убав циклус на кој сум горд“.

„Таков е животот,
се случуваат промени. Би скал да играм тука до 40 години но тоа не е возможно. Се
ближи крајот на најубавиот период од мојата кариера и живтот. Горд сум што бев
дел од историјата на овој клуб“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани