Бакајоко ја разкажа својата страна на приказната: Не одбив да влезам во игра, што се однесува до пцовката…

by
1 минути читање

Милан ја победи Болоња со 2-1, но најмногу најмногу внимание од натпреварот привлече расправијата помеѓу Бакајоко и Гатузо.

Тренерот на Милан ја кажа својата верзија, а сега и Бакајоко излезе со изјава.

„Не се согласувам со тоа да бидам гледан како играч кој одбил да влезе во игра кога тренерот го побарал тоа од него и играч кој не го почитува клубот и неговите соиграчи“, вели Бакајоко.

„Беше побарано од мене да се подготвам во случај да треба замена, па почнав веднаш и се загревав максимум 2-3 минути, потоа ми кажаа да се вратам на клупата“.

„Мислам дека тоа беше помеѓу 23 и 26 минута, седев на клупата и дојде тренерот и ми зборуваше на неочекуван јазик, јас не направив ништо друго туку само ги повторив неговите зборови. Ништо повеќе“.

„Работите се чисти: Никогаш не одбив да влезам на теренот. Мислам дека снимките зборуваат за тоа“.

„Имав само една желба, да влезам на теренот и да им помогнам на моите соиграчи како што секогаш правам и ќе го правам тоа до крајот на сезоната. Напред Милан“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани