Де Лихт го одбил Манчестер јунајтед, сака да игра во друг клуб

by
1 минути читање

Матајс Де Лихт со само 19 години е капитен на Ајакс кој има сензационален настап во Лигата на шампионите оваа сезона. Тој го привлече вниманието на најголемите европски клубови и сигурно ќе направи трансфер во летниот преоден рок.

Еден од заинтересираните клубови е и Манчестер јунајтед, според „Мирор“ англискиот клуб на Ајакс му понудил околу 70 милиони евра за Де Лихт, а на фудбалерот петгодишен договор со плата од 15,2 милиони евра по сезона. 

Но, Мино Рајола ја одбил понудата по барање на фудбалерот и покрај тоа што можеби Де Лихт нема да добие повисока плата од друг клуб. Тој не сакал трансфер во англискиот клуб, веројатно поради актуелната состојба на Манчестер јунајтед кој нема да настапува во Лигата на шампионите и веќе со години не е конкурентен за трофејот од Премиерлигата.

Некои медиуми пишуваат дека следната дестинација на Де Лихт ќе биде Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани