Винсент Компани покажа зошто е капитен, кога му беше најтешко на тимот тој ја донесе победата, во 70. минута со страшен шут од далечина ја затресе мрежата на Шмајхел за триумф на Манчестер Сити од 1-0.
„Слушнав како велат „Не шутирај, не шутирај!“. Не дојдов толку далеку во кариерата за да треба младите играчи да ми кажат кога да шутнам!“, вели Компани.
„Ќе кажам само дека на тренинг имам постигнато ваков гол. Знаете што, една интересна приказна, 15 години играм фудбал на највиско ниво и фудбалерите од средниот ред постојано ми велат да не шутрирам, да ја подадам топката на страна, а јас им кажував дека еден ден ќе шутнам од далечина, ќе ја искинам мрежата и тие ќе бидат прилично среќни“.
„Не е важна бројката на голови кои ќе ги постигнете, туку кога ќе ги дадете. Денеска беше неопходно да се даде гол“.
„Но, ништо не е готово, сега имаме финале во Брајтон“.
Мечот со Лестер веројатно беше и последен за Винсент Компани на Етихад стадионот, тој со солзи во очите, плачејќи го напушти теренот.