Телеграф: Фудбалерите на Манчестер Сити би можеле да поделат бонус од 15 милиони фунти

by
1 минути читање

Фудбалерите на
Манчестер Сити ќе поделат бонус од над 15 милиони фунти доколку му донесат
статус на клубот како прв во англиската фудбалска историја кој ги освоил сите
три натпреварувања
од домашниот шампионат.

Поради клаузулите
во нивните договори со клубот, тие ќе добијат голем колач како награда од клубот,
особено богат би бил бонусот кај поголемите ѕвезди во тимот кои добиваат мошне
високи бонуси, а преостануваат само три победи за Граѓаните да искешираат
бонус.

Откако го
подигнаа трофејот во Лига купот, совладувајќи го Челси на пенали, во финалето
од ФА купот ќе ги одмерат силите со Ватфорд, а доколку ги добијат дуелите со
Лестер и Брајтон ќе го одбранат и трофејот во Премиерлигата.

Телеграф пишува
дека максималниот износ за спојување на трите титули можат да донесат до 20
милиони фунти бонус, меѓутоа истиот би им припаднал на фудбалерите кои играле
во барем 60% од минутите во соодветните натпреварувања, а не баш секој играч го
стори тоа во редовите на англискиот првак.

Во случајот каде
фудбалерите не го достигнале условот од 60%, бонусите, воглавно се редуцирани
за 50%, а како за пример во еден ваков случај, Телеграф ја посочува клаузулата
на Де Брујне, којби добил 750,000 фунти премија за освојување на Премиерлигата,
дополнителни 300,000 фунти за ФА Купот, како и 75,000 фунти за Лига купот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани