100
Рома е опција за
Антонио Конте, опција за која повеќе медиуми пишуваат подолг период, а запрашан
на оваа тема, Франческо Тоти ги упати новинарите да го прашаат лично
италијанскиот фудбалски стратег.
Тимот од Рим е
веројатно во пол-позиција за потписот на Конте, се верува дека Италијанецот
идната сезона ќе му се врати на фудбалот, а гостувајќи во емисијата „Ле Јене“,
легендата на Рома беше мошне јасен во својот одговор.
„Прашајте го него
дали ќе дојде“ порача Тоти.
Милан, Интер и Јувентус исто така се поврзуваат со 49 годишниот Италијанец, претходно интерес наводно имаа и Манчестер јунајтед и ПСЖ.