Бартомеу: Денот кога Меси ќе се пензионира…

by
1 минути читање

Претседателот на
Барселона, Жозеп Бартомеу верува дека Лионел Меси може да продолжи со својата
кариера во клубот уште многу години во иднина.

Меси, кој на лето
ќе наполни 32 години, во 2017. година потпиша нов договор со Каталонците со кој
се обврза на верност со клубот до 2021. година, но, Бартомеу верува дека
Аргентинецот ќе остане и по тој период.

Денот кога Меси
ќе се пензионира, јас повеќе нема да бидам претседател, бидејќи тој ќе ме
надмине“
рече Бартомеу во интервјуто за Дејли Мејл.

Мислам дека пензионирањето
се уште е нешто далечно за Меси, доколку го погледнете неговиот гол против
Ливерпул и силината со која го упати ударот во слободниот удар, ќе сфатите дека
тој е посилен од било кога
“ додаде Бартомеу.

Запрашан за тоа
кога поточно очекува Аргентинецот да се пензионира, Бартомеу одби да даде
конкретни очекувања за годините, меѓутоа во шега порача дека се надева дека
Меси би се пензионирал на 45 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани