Дибала почнал да преговора со два клуба?

by
2 минути читање

И покрај тоа што
на големо се најавуваат промени на тренерското столче во Јувентус, Калчомеркато
пишува дека Масимилијано Алегри би можел да остане на таа позиција и идната
сезона, а тоа секако се лоши вести за Пауло Дибала.

Од доаѓањето на
Кристијано Роналдо во редовите на Старата дама, Аргентинецот потешко добива
прилика, а доколку се остварат најавите Алегри да остане, Дибала би можел да си
замине од Торино, во интерес на неговата кариера.

Како и да е,
Јувентус би го пуштил офанзивецот да си замине само доколку добие пристојна
понуда за неговите услуги, а шпекулациите велат дека италијанскиот првак би бил
задоволен со 100 милиони евра.

Според пишувањата на Калчомеркато, веќе почнале да
пристигнувааат понуди за Аргентинецот, а истовремено остварени се и контакти со
заинтересираните клубови за Дибала, Манчестер јунајтед и Баерн Минхен се
клубовите кои покажале најсериозен интерес за неговите услуги досега.

На Дибала наводно
му се нуди да биде водечка ѕвезда во редовите на Премиерлигашот кој извесно е
дека се подготвува за живот без Погба во своите редови, откако големо е
веројатноста Французинот да си замине од Олд Трафорд по неуспехот на клубот да
обезбеди место во Лигата на шампионите за идната сезона.

Баерн Минхен исто
така пријавил сериозен интерес за Дибала, наводно Баварците ќе реагираат брзо
по ова прашање за да донесат пристојна замена за Хамес Родригез, за кого не
сакаат да ја активираат опцијата од 42 милиони евра за да му го откупат
договорот со Реал Мадрид по истекот на двегодишната позајмица летово.

Исто како
и Манчестер јунајтед, статус на прва ѕвезда во тимот му нуди и Баерн Минхен во
рекомпонирањето на составот за идната сезона, без ветераните Робен и Рибери,
чии договори нема да бидат продолжени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани