Аталанта славеше голема победа во Рим, го совлада директниот конкурент Лацио со 3-1 и го исфрли од борбата за пласман во Лигата на шампионите.
Лацијалите почнаа добро, со гол на Проло уште во третата минута, но до крајот на натпреварот Аталанта постигна три погодоци. Запата изедначи на 1-1, а во вториот дел Кастање направи комплетен пресврт, конечниот резултат беше автогол на Валас.
Супер интересно беше во Џенова каде домаќините одиграа 1-1 со Рома која исто така се бори за место во Лигата на шампионите.
Горан Пандев почна од клупата, влезе на 15 минути пред крајот брзо потоа почнаа и сите возбудувања.
Резултатот долго време беше 0-0, во 82. минута Ел Шарави даде гол за водство на Рома од 1-0.
Ромеро во 91. минута го изедначи резултатот, а во 96. минута Санабрија не реализираше пенал со кој можеше да донесе победа за Џенова.
На три кола до крајот Интер е трет со 63 бода, следува Аталанта со 62, Рома со 59, Торино со 57, Милан со 56 и Лацио со 55.