Селтик му понудил
договор на Жозе Мурињо за португалскиот фудбалски стратег да го преземе
кормилото на шкотскиот првак, ова доаѓа по информациите кои ги објави Скај
Спортс.
Тимот од Глазгов
ја освои осмата титула во низа во Шкотска сезонава, а во моментов се предводени
од Неил Ленон, кој седна на клупата на таа екипа откако Брендон Роџерс се
пресели во Лестер.
Иако ја осигура
титулата, иднината на Ленон во клубот е неизвесна откако за столчето на Селтик
се споменуваат повеќе тренери како опции, меѓу кои и Мурињо.
Џанлука Ди Марцио
од Скај Спортс Италија пренесува дека Мурињо веќе има понуда на маса да го
преземе кормилото на Селтик на лето, а 56 годишниот Португалец е без ангажман
откако си замина од Манчестер јунајтед сезонава.