Алегри вели дека ќе остане, но Јуве има и план Б кој на фановите можеби повеќе ќе им се допадне

by
1 минути читање

Според „Скај Спортс“, имало разговори меѓу Јувентус и Антонио Конте во изминатиот период.

Тоа бил само информативен разговор од кој претставниците на Јувентус сакале да дознаат дали Конте би се вратил доколку Алегри не остане.

Јувентус не остава ништо на случајот и сакаат да имаат резервна варијанта во случај Алегри да сака да си замине како што се најавуваше претходно. 

Опцијата со Антонио Конте за голем дел од фановите на Јувентус е попосакувана од останување на Алегри, но веројатноста за тоа да се случи е помала.

Антонио Конте силно се поврзува и со Интер каде сега директор е Бепе Марота човекот со кој соработуваше во Јувентус.

Италијанецот се поврзува и со кормилото на Баерн Минхен, но се пишува дека тој преферира враќање во Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×