Ајакс игра фантастичен фудбал и има сезона како од бајка во Лигата на шампиони, но кога ќе дојде лето голем дел од играчите на холандскиот тим ќе направат трансфери во големите европски клубови.
Еден од најпосакуваните е капитенот на Ајакс, Матијас де Лихт кој е цел на повеќе европски клубови а најчесто се поврзува со Барселона.
Се верува дека Барселона е најблиску до неговиот потпис, но има и други заинтересирани кои можат да платат голема сума за дефанзивецот.
Шпанскиот „АС“ пишува дека покрај Барса во трката по Де Лихт се уште и Јувентус, Реал Мадрид, Баерн Минхен и ПСЖ.
Челниците на Ајакс тријат раце и ниту една од своите ѕвезди нема да ја пуштат да си оди за мала сума. Заработката на холандскиот тим ќе биде голема ова лето, но ќе останат без тимот кој сега ги освојувања фудбалските фанови ширум светот.