141
26-годишниот голман кој во Атлетико Мадрид пристигна во 2014 година од Бенфика, досега има 203 настапи за шпанскиот клуб, и импресивен скор од 115 мечеви без примен гол.
„Многу сум среќен што го продолжив договорот и што ќе бидам тука. Ќе ги бранам овие бои најдобро што знам и ќе продолжам да работам напорно“, изјави Облак по потпишувањето на договорот.