Клајверт искочи од младинската школа на Ајакс заедно со голем дел од фудбалерите кои се дел од магичниот успех на холандскиот тим оваа сезона. Но тој минатото лето направи трансфер во Рома и е само гледач на она што го прават неговите поранешни соиграчи.
„Прекрасно е да се гледа како игра Ајакс во Лигата на шампионите“, вели Клајверт.
„Многу сум среќен за моите поранешни соиграчите и им посакувам се најдобро. Лесно е да се каже дека и јас можев да бидам таму, но јас стигнав речиси до четвртинале и со Рома тука. Не жалам затоа што не сум во Ајакс сега“.
„Тоа што живеам во нова земја и пробувам нова лига ме направи посилен, научив многу“.
„Во Серија А секој тим е добро подготвен тактички. Пример, имате тешка битка дури и со Киево кој е на дното“.
„Од друга страна во Ајакс речиси сите наши натпревари ги добивавме уште во прво полувреме“.