Ајакс сезонава е
сензација во Лигата на шампионите, претходно во осминафиналето го отпиша од
одбрана на европската титула Реал Мадрид, а синоќа во четвртфиналето го
елиминираше Јувентус, еден од најголемите претенденти за титулата сезонава.
Во исто време се
играше и реваншот на Камп Ноу каде Барселона немаше проблеми против Манчестер
јунајтед, па Каталонците предводени од Лионел Меси изборија место во
полуфиналето, а на гледалиштето радост и за тоа што се случи во Торино.
Интересна
реакција на Камп Ноу бележиме по голот
на Де Лихт за победа од 1-2 за Ајакс среде Торино, каде навивачите на Барселона
го прославија голот на капитенот на холандскиот тим. Веќе е познато дека Де
Јонг потпиша за Барселона, а се’ погласни се шпекулациите дека на добар пат да го стори тоа е воедно и Де
Лихт, па дали тоа беше главниот мотив кај навивачите на Барса, или
елиминацијата на Роналдо, останува дилема…
class="twitter-tweet" data-lang="en">
class="twitter-tweet" data-lang="en">