На Оле Гунар
Солскјер му тргна на клупата на Манчестер јунајтед, вчера ја забележа втората
победа во низа откако неговите избраници на домашен терен обезбедија триумф од
3-1 над Хадерсфилд во редовното 19 коло од Премиерлигата.
Посебно мотивиран
во победата на Олд Трафорд беше Пол Погба кој постигна два гола, кој беше доста
оспоруван во периодот кога тимот беше предводен од Жозе Мурињо, сега, Солскјер вели
дека тоа е Погба кој го знае уште кога бил во младинскиот погон на таа екипа.
„Тоа е Пол кого
јас го знам уште од периодот кога беше во резервниот тим, како и младинскиот
тим. Тој секогаш беше среќно момче, со голема насмевка на неговото лице, кога
ќе постигнете два гола сосема нормално е да бидете среќен, тој треба да биде
среќен“ рече Солскјер.
Следен предизвик
за норвешкиот фудбалски стратег е Борнмут, екипа која гостува на Олд Трафорд во
недела. Во моментов на табелата во Премиерлигата, Манчестер јунајтед заостанува
осум бода зад Челси кој засега ја комплетира водечката четворка во елитното
друштво.