Дел од италијанските медиуми пред некој ден најавија дека Гатузо добил ултиматум од раководството дека Милан мора да победи на следните два натпревари, но тој киксна уште на првиот.
Фросиноне е претпоследен тим на табелата, пред денешниот меч имаше само девет освоени бода, Милан се бори за место во Лигата на шампионите, па нерешениот резултат од овој меч е исклучително негативен резултат за нив.
Милан можеше и да го загуби натпреварот доколку во Серија А немаше ВАР технологија. Во 37. минута Киано постигна гол за водство на Фросиноне од 1-0, но судијата по сигнализација на неговите помошници од видео собата го поништи голот поради фаул.
Останува да видиме дали раководството на Милан ќе се реши на тренерска промена во наредните денови.