Сопругата на
фудбалерот на Интер, Раџа Наинголан, тврди дека е на мета на закани на
социјалните мрежи, таа и нејзините ќерки, заканите ги нарече одвратни, а не
откри ништо подетално од која група доаѓаат истите закани.
Наинголан се
соочи со суспензија во Интер, а во јавноста излегоа и аудио снимки на кои се
слуша големата желба на Белгиецот да се врати во редовите на Рома, каде самиот
вели дека ‘би направил хаос
во Интер’, само да се врати
во Рим.
„Дозволете ми да
кажам само една работа, со оглед на сите обвинувања и закани кои се на адреса
на мојот профил“ почна таа.
„Јас сум Клаудиа,
читам се’ што вие пишувате до
мене, ништо повеќе. А во однос на заканите до моите ќерки и мене општо, тоа е
навистина одвратно!“ напиша сопругата на Белгиецот.