Нов скандал на Наинголан, сака да се врати во Рома: Ако треба ќе направам хаос во Интер!

by
3 минути читање

Белгиецот оваа
недела беше суспендиран и парично казнет од страна на Интер поради серија
испади, но тоа како да не беше доволно па синоќа на социјалните мрежи се појавија
три аудио снимки од разговор со негов пријател кој сигурно нема да им се
допадне на „Нероаѕурите“.

Раџа Наинголан жали за преселбата на „Џузепе Меаца“ и сака да се врати во Рома,
за што е подготвен да направи хаос во Интер.

„Мама миа, ме распарчија одвде… Но ако, секогаш сум покажувал на теренот што
можам да направам, и истото ќе го сторам сега. За некое време фановите на Интер
ќе дојдат да ме бакнуваат во задникот“
– снимката застанува тука и продолжува:
„Пријател сум со Тоти, можеби тој ќе може да ја протурка работата… Но тогаш
ќе треба да направам хаос тука, ако ме разбираш?

На крај,
заклучокот: „Тука е кланица… сакам да се вратам“.

Дали се работи за веродостојна аудио снимка ќе покаже времето. Исто така не се знае кога е направен разговорот, дали пред да биде казнет Нанинголан, или по реакцијата од страна на Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани