Агентот на
офанзивецот на Реал Мадрид, Марко Асенсио, потврди дека неговиот клиент нема
намера да си замине од редовите на шпанскиот гигант, но истовремено е почестен
од интересот кој за него го пријави Интер.
Асенсио идниот
месец ќе наполни 23 години, а шпекулациите го поврзаа младиот фудбалер со
трансфер во редовите на Интер, а за самиот фудбалер се најавуваше дека посакува
да си замине од Кралскиот клуб.
„Марко е почестен
со тоа што за него има интерес од клуб како Интер“ изјави агентот на
фудбалерот, Орасио Гаџоли, кој притоа додаде дека неговиот клиент нема намера
да си замине од редовите на шпанскиот гигант.
„Не знам дали е
вистина или не, но, во овој момент фудбалерот нема намера да си замине од Реал
Мадрид“ заклучи тој.