Денеска на програмата се натпревари од Серија А, а очите на италијанската јавност со посебно внимание се вперени во Болоња каде тимот од овој град ќе го пречека Лацио.
Како фудбалери Симоне и Филипо Инзаги се среќавале еден против друг, но сега за прв пат тоа ќе биде како тренери.
На Филипо Инзаги повеќе му гори под нозе бидејќи Болоња е во зоната за испаѓање, додека Симоне со Лацио е на четвртата позиција на табелата и ќе влезе како фаворит во овој дуел.
„Ќе биде чудно, ќе има големи емоции, особено кај нашата фамилија која и двајцата не сака. Чувствата ќе бидат големи пред и после натпреварот, но кога судијата ќе означи старт, секој ќе размислува на својот тим“, вели Пипо Инзаги.
„Ова ќе биде посебен натпревар, ќе биде возбудливо да играм против брат ми, како фудбалер тоа веќе се има случено, ќе биде возбудливо и за нашите родители“, вели Симоне.
Натпреварот меѓу Болоња и Лацио почнува од 15 часот.