Клоп: Сите се во божиќно расположение, но ние сме фокусирани само на Њукасл

by
1 минути читање

Англичаните традиционално ден после Божиќ играат фудбал, тие се посебни мечеви за фановите, а Ливерпул денеска на Енфилд го пречекува Њукасл. Црвените се на врвот со четири бода пред Манчестер Сити и сите очекуваат нова победа, но Клоп предупредува дека нема да биде лесно.

„Ова е многу важен натпревар за нас. Сите се во божиќно расположение освен ние. Ние не сме во божиќно расположение, фокусрани сме само на натпреварот“, вели Клоп.

„Сите во Англија ги сакаат натпреваритена Боксинг деј. Тоа е добро, но кога ќе дојдете на стадионот немој да бидете во божиќно расположение, час и половина дадете се од себе за да не поддржите бидејќи ни треба исклучителна атмосфера за да дојдеме до победата против еден незгоден тим“.

„Не смееме ниту да помислиме дека победата ни е веќе обезбедена. Доколку го мислиме тоа работите можат да тргнат на лошо. Мора да бидеме фокусирани, не смееме да бидеме нервозни и да чувствуваме притисок поради позицијата на која се наоѓаме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×