Алекс Сандро ја објасни одлуката да потпише нов договор со Јувентус

by
1 минути читање

Левиот бек на
италијанскиот шампион Јувентус, Алекс Сандро пред само неколку дена стави
потпис на нов, долгогодишен договор со клубот кој го обврзува на верност со
истиот до 2023. година.

Иако постоеше
опција да замине на Островот и да игра во Премиерлигата, 27 годишниот Бразилец
се реши на таков чекор, а притоа ја објасни својата одлука.

Кога фудбалер
потпишува нов договор и ја продолжува соработката со клубот, тој е секогаш
среќен, бидејќи знае дека ја има довербата од тренерот, претседателот на клубот
и слично
“ објасни Сандро.

Јас сум многу
среќен, ќе останам во Торино уште многу години, потпишав нов договор најмногу
поради фактот што сакам да сум во Јувентус, а воедно и поради разговорот со
претседателот (Андреа Ањели), јас знам каква насока му дава тој на клубов,
сакам да бидам дел од таа приказна
“ заклучи 27 годишниот Бразилец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани